Регион Габриел вдомена

Утешна функција за Бугарката Габриел

Соопштението за функцијата на Габриел сугерира дека одлуката на Руте за Шекеринска (по пошироките консултации на генералниот секретар) бил донесена претходно, а вчера соопштена. Затоа Европската народна партија во истиот ден го обезбеди шефовското место на Габриел во Институтот „Робер Шуман“. И за тоа се потребни претходни договори, а и лобирање.

Утешна функција за Бугарката Габриел

Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека ја назначил Радмила Шекеринска за втор човек на Алијансата, во истиот ден се најде нова работа за нејзината главна противкандидатка, Бугарката Марија Габриел.

Европската народна партија (ЕПП) вчера попладне на Икс соопшти дека Марија Габриел е избрана за претседател на Институтот „Роберт Шуман“. Институтот нуди обука за политичарите од ЕПП преку семинари и конференции, се забележува на веб-страницата на организацијата.

Соопштението за функцијата на Габриел сугерира дека одлуката на Руте за Шекеринска (по пошироките консултации на генералниот секретар) бил донесена претходно, а вчера соопштена. Затоа Европската народна партија во истиот ден го обезбеди шефовското место на Габриел во Институтот „Робер Шуман“. И за тоа се потребни претходни договори, а и лобирање.

Институтот вели дека обуката на политичарите од земјите кои се соседи на ЕУ е важна за формирање на нова проевропска елита со десничарски убедувања. Од 1991 г Институтот ја промовира идејата за обединета Европа и основните вредности на ЕПП преку поддршка на демократската транзиција, развојот на граѓанското општество и партиите поврзани со ЕПП, додаваат од организацијата.

Досега, институтот беше предводен од поранешната европратеничка Дорис Пак (Германија).

Марија Габриел беше европратеничка, европски комесар, а во 2023 година беше избрана за вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија и остана на функцијата до март годинава.

To top