Народното собрание на Бугарија денеска даде одобрување за уставните измени со кои се одзема голем дел од овластувањата на претседателот врз преодната влада, се намалуваат овластувањата на јавниот обвинител и се реструктуира Врховниот судски совет.
Со измените се создава и процедура за пристап на граѓаните до Уставниот суд.
Вкупно 165 пратеници ги поддржаа уставните амандмани од ГЕРБ, ПП-ДБ и ДПС. „Против“ беа 71 пратеник од „Вазраждане“, БСП и „Има таков народ“.
Уставните измени ќе бидат нападнати пред Уставниот суд од партиите кои гласаа против во парламентот. Овие партии се очекува да добијат поддршка од претседателот Румен Радев. (МИА)