На Раде Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ, му е одредена мерка притвор до 30 дена.
Раде Драгијевиќ се бранеше со молчење во обвинителството.
Според Информер, тој по совет на адвокат решил да не одговара на прашањата на обвинителот, на што има право според законот.
Да потсетиме, Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на својот брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, починал синоќа во Полициското одделение во Бор.