Според Стано, ако Косово на ја спорведе оваа обврска, тоа ќе се толкува како знак дека од косовска страна не постои волја за напредок на патот кон нормализација на односите со Србија.
– Тоа барање сега е поврзано и со напредокот на Косово на патот кон пристапување во ЕУ, додаде стано во одговор на новинарско прашање по повод измунувањето на 4000 дена од постигнувањето на договорот за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско населни во Косово.
Сепак, според него, ова прашање нема да биде меѓу главните теми на следната рунда преговори од дијалогот меѓу Белград и Приштина, што ќе се оджри в четрток во Бисел на ниво на шефови на преговарачки делегации, туку на неа пред се ќе стане збор за надминување на последиците од идлуката на косовската Централна банка за забрана на употребата на српскиот динар во Косово.
– Заедницата како тема е присутна на секоја наша средба, секоја наша итреакција со косовските партнери, бидејќи таа е еден од условите кои мора да се исполнат што е можно побрзо и без понатаможно одлагање, заклучи Стано.