Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека упатила протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, во која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на државното знаме на Србија на централниот градски плоштад Скендербег во Тирана, објавено на интернет на 20 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.
-Сметаме дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокото ниво во нивната повеќевековна заедничка историја, се наведува во соопштението.
Исто така се посочува дека се очекува „надлежните институции на Албанија да направат сè што е во нивна моќ за да ги идентификуваат и гонат сторителите на овој грозоморен чин, кои се јасно видливи на објавеното видео, како и дека за тоа по дипломатски пат во разумен рок ќе се произнесат и ќе ги информираат институциите на Република Србија. (МИА)