Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, и во двата случаи биле ангажирани припадници на Одделот за деактивирање експлозивни направи.
Во центарот на Атина, пред хотел била пронајден сомнителен куфер, по што интервенирала полицијата и превентивно бил затворен поширокиот дел.
Во амбасадата на Русија во населба во северниот дел на Атина бил откриен ковертот со сомнителен прашак. (МИА)