Регион црна гора

Слобода за сите обвинети за обидот за државен удар во Црна Гора

Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, дознава црногорска Побједа.

Слобода за сите обвинети за обидот за државен удар во Црна Гора

Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, дознава црногорска Побједа.

Одлуката ја донесе тричлениот судски совет предводен од судијата Зоран Радовиќ.

Ослободените, меѓу кои се и лидерите на поранешниот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, претходно беа обвинети за обид за насилно соборување на владата во 2016 година во пресрет на приемот на Црна Гора во НАТО.

Пресудата против обвинетите за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора, на кои сите беа осудени на затворски казни, пред три години во Апелациониот суд беше укината и беше наредено повторно судење.

Специјалното обвинителство предводено од главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ, кој беше избран по политичките промени во 2020 година, целосно се задржа на претходното обвинение, кое го застапуваа сега уапсениот поранешен ГШТ Миливое Катниќ и поранешниот специјален обвинител Саша Чаѓеновиќ, потсетува Побједа.

Новите специјални обвинители му предложија на судот организаторите на криминалната група, руските државјани – Едуард Шишмаков да се осуди на 15 години, а Владимир Попов на 12 години.

Тие побараа и поранешниот командант на српската жандармерија Братислав Дикиќ да биде осуден на единствена казна од осум години затвор. За Предраг Богиќевиќ и Немања Ристиќ во завршниот збор беше предложена затворска казна од седум години.

За Бранка Милиќ СДТ предложи казна затвор од три години, додека за Милан Душиќ и Србољуб Ѓорѓевиќ една година и шест месеци, а за Драган Макшиќ една година и девет месеци затвор.

Една година и шест месеци затвор е побарана за Михаило Чаѓеновиќ.

За Кристина Христиќ беше предложена условна казна.

Во обвинението се наведува дека се работи за криминална организација која на денот на парламентарните избори на 16 октомври 2016 година со помош на Демократскиот фронт се судрила со црногорската полиција и насилно го окупирала Парламентот на Црна Гора, како и киднапира и да го убие тогашниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ

To top