Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Според првичните информации, потресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 16 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/HelwIjoIy7— EMSC (@LastQuake) February 19, 2024
Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми.
„Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“. .
Засега нема информации за повредени или материјална штета.