Албанскиот премиер Еди Рама денеска реагираше откако беше објавено видео на кое се гледа како тој грубо ја удира новинарката Амброзија Мета на прес-конференција откако таа му постави прашање за финансирањето на новото пристаниште Драч. Women Press Freedom го осуди однесувањето на Рама кон новинарката.
„Неприфатливо е да се турка новинар. Не е првпат лидерот да покажува презир кон критичкиот печат. Стоиме со Амброзија Мета и бараме Рама да се извини и да се однесува со почит кон новинарите“, напишаа на мрежата Х.
Рама рече дека нема да се извинува.
„Извинување по целосно одвратна лага додека сè се гледа на видеото и десетина новинари и сниматели се очевидци… Не само што немаше ништо блиску до агресија, туку и сите прашања беа одговорени трпеливо (и покрај неколкуте неетички прекини)“, напиша Рама на X мрежата.
„Не, жалам, не само што нема да се извинам, туку ја отфрлам целата окарактеризација „лидер кој покажа презир кон критичкиот печат“, што едноставно не е точно затоа што поминаа години откако не се занимавам со било каква легитимна жестока дебата со кој било новинар“, напиша Рама.