Растко и Милица денеска беа официјално избрани за имиња на маскотите на специјализираната изложба EКСПО 2027 во Белград.
Директорот на компанијата EКСПО 2027, Данило Јериниќ, изјави дека во гласањето учествувале повеќе од 100.000 луѓе. Toj додаде дека маскотите носат народна носија и тастер „плеј“ што претставува спој на традицијата и иднината.
Гласањето за имињата на маскотите започна на 19 мај.
Маскотите, како што беше наведено претходно, се важни затоа што големите настани се паметат по нивните емоции, а маскотите се нивниот највидлив симбол, добредојдена насмевка и мост помеѓу темата на настанот и публиката.
„Тие не исчезнуваат кога рефлекторите се исклучени – тие остануваат дел од колективната меморија и националниот идентитет“, велат од тимот на EКСПО 2027.