Регион хаос во собранската сала

Рама: Инцидентите во Парламентот ги предизвикуваат оние кои имаат проблеми со правосудниот систем

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, коментирајќи ги случувањата во Законодавниот дом, последно и вчера кога беше предизвикан целосен хаос од страна на демократските пратеници од крилото на Сали Бериша, оцени дека тоа го предизвикуваат лица кои имаат проблеми со правдата.

Рама: Инцидентите во Парламентот ги предизвикуваат оние кои имаат проблеми со правосудниот систем

– Во парламентот има уште една многу голема неволја за некого, но не е само едно лице, туку има неколкумина кои имаат проблеми со правдата и кои го земаа Парламентот во заложништво, со дела што луѓето обично ги прават кога ќе излезат од контрола, изјавил Рама на средба со членовите на партијата во Скадар.

Порачал дека на случувањата во опозицискиот табор, треба да се гледа како лекција за Социјалистичката партија.

-Тоа ни дава многу јасна порака. Мора да се грижиме да ги зближиме обичните луѓе. Поделбата на народот, е на штета на самиот народ. Кој има корист од поделби, додал Рама.

Опозициските пратеници од иницијативата „Обнова на ДП“ вчера предизвикаа хаос во собранската сала, меѓу другото со палење димни бомби, физички судир со припадниците на Националната гарда, ангажирани во обезбедувањето, па до обидот на Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, да ги потпали насобраните столчиња со кои ја блокираа говорницата. По неколку минути претседателката на парламентот Линдита Никола ја одложи седнцата.

Ова беше последователно вакво однесување на приврзаниците на Бериша, кој пак денеска најави дека „набрзо ќе почне граѓанска непослушност“.

To top