Регион Албанија

Рама: Диела ми рече „губитникот не е оној што паѓа, туку оној што копа таму каде што паднал“

Иронизирајќи ја ситуацијата тој напиша дека Диела, најмладата министерка во новата влада создадена од вештачка интелигенција, реагирала на ситуацијата.

Рама: Диела ми рече „губитникот не е оној што паѓа, туку оној што копа таму каде што паднал“

По тензичната ситуација на денешната конститутивна седница на новиот албански Парламент предизвикана од страна на опозициските пратеници, премиерот Еди Рама реагираше со објава на платформата X.

Иронизирајќи ја ситуацијата тој напиша дека Диела, најмладата министерка во новата влада создадена од вештачка интелигенција, реагирала на ситуацијата.

„Диела денеска го виде парламентот и ми рече: Губитник не е оној што паѓа, туку оној што копа таму каде што паднал! Како се прави тоа, прашав? Никогаш не го попречувајте, рече таа, противникот што прави грешка“, пишува Рама на платформата X.

Тој вчера на седницата на Националното собрание на Социјалистичката партија, каде го објави составот на новата влада ја претстави првата министерка во историјата, создадена со вештачка интелигенција, наречена Диела, што на албански јазик значи Сонце, која „ќе ги води и доделува сите јавни тендери на кои владата ангажира приватни компании за разни проекти“.

📲 Diella pa hapjen e parlamentit sot dhe më tha:

Humbës nuk është kush rrëzohet, po është ai që gërmon aty ku ra!

Si i bëhet, e pyeta

Kurrë mos e pengo kundërshtarin që po gabon, m’u përgjigj😬

Posted by Edi Rama on Friday, September 12, 2025

To top