Буџетот за одбраната за 2026 година го надмина нивото од 2% од бруто домашниот производ, што значи дека го надмина стандардниот праг поставен од НАТО за земјите-членки, објави албанскиот премиер Еди Рама за време на неговиот поткаст „Фласим“ (Разговараме).
Според Рама, ова не претставува само бројка што е повисока од прагот, туку покажува проактивен пристап кон обврските на земјата, не само на меѓународно ниво, туку и за развој на нова одбранбена индустрија.
Рама подвлече дека буџетот за 2026 година претставува најсериозна инвестиција во одбранбениот сектор во историјата на државата, и го означува почетокот на долгорочен стратешки пресврт, што има за цел да изгради воени и индустриски капацитети во земјата.
– Тоа е поинаква Албанија со други овластувања за да ѝ се овозможи на државата во одбранбениот сектор, не само да троши, значи, не само да троши, туку и да заработува и со заработка, да реинвестира. И со инвестирање и реинвестирање, да ги зголеми и можностите за квалитетно, добро платено вработување, посочи Рама.