Регион Вишо јавно обвинителство Белград

Познат српски спортист се маскирал во Спајдермен, па ограбил менувачница – еве за кого станува збор

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за Жарко Велимировиќ, кој бил четирикратен државен првак во борење.

Познат српски спортист се маскирал во Спајдермен, па ограбил менувачница – еве за кого станува збор

Вишото јавно обвинителство Белград поднесе обвинителен акт против Жарко В.(29) поради сомнение дека на 08.12.2024 година ограбил трафика-менувачница. Бил маскиран и одземал пари во износ од 1.065.600 динари.

Употребил и сила, а во таа прилика со нож му нанел тешка телесна повреда на продавачот М.Н.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за Жарко Велимировиќ, кој бил четирикратен државен првак во борење.

Во обвинението кое е доставено до Вишиот суд во Белград, Жарко В. се терети за кривично дело разбојништво за кое се предвидува затворска казна од три до 15 години.

Обвинителството му предложи на судот да му се продолжи притворот на обвинетиот за да не го повтори делото за краток временски период.

Постојат основани сомнежи дека тој на 8-ми декември околу 20:30 часот влегол во споменатата менувачница, носел маска со ликот на Спајдермен на лицето, сива качулка на главата и хируршки ракавици на рацете,  го фатил М.Н. за дуксер и му се обратил со зборовите „Легни“.

Оштетениот, се додава, се обидел да го оттурне, по што Жарко В. го расекол со нож во пределот на левата рака и подлактицата, при што жртвата паднала на подот.

„Потоа, пријавениот го прескокнал вработениот и влегол во продажниот шалтер, каде од под шалтерот ги одзел наведените пари, а потоа побегнал“, се наведува во соопштението.

Инаку, поранешниот четирикратен државен шампион во борење во последните години работеше како тренер.

To top