Сопственикот на кафаната во Јагодина, каде што вечерва се пукаше, им подлегнал на повредите, а напаѓачот неколку пати бил осудуван за кривични дела.
Како што пишува Блиц, станува збор за С.М.(47), осуден за повеќе кривични дела, убиство во обид, тешка кражба, семејно насилство, недозволено носење оружје…
Да потсетиме, лекарите не успеале да го спасат животот на сопственикот на кафаната Д.М. (56).
Во престрелката се ранети и млад човек и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот.