Регион Избувна денеска

Пожар на грчки остров, превентивно евакуирано село

Пожар на грчки остров, превентивно евакуирано село

Шумски пожар избувна денеска на грчкиот остров Хиос, а преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на едно село превентивно да бидат евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, во гаснењето се вклучено 55 пожарникари со три пешадиски тима, 13 возила, помагаат и волонтери и цистерни од општината, а од воздух интервенираат пет авиони и еден хеликоптер.

To top