Несекојдневна сцена се случила во Црна Гора на Пивско Езеро, за време на вчерашното празнување на Богојавление – Водици, кога традиционално православните верници скокаат по светиот крст, пренесуваат медиумите од соседството.
На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа како свештено лице – поп, прво го осветува крстот, го фрла да го фатат верниците, па и самиот облечен во мантија скокна во студената вода.