Обвинителката Младенка Манојловиќ Гајин од Вишото јавно обвинителство во Суботица вели дека, во соработка со членовите на криминалистичката истражна група на Воената полиција, како и сите безбедносни служби, извршиле увид на делот од патот помеѓу градовите Горњи Брег и Војводе Зимоњица.
-Во таа прилика, пронајдовме два ранци што содржеле околу четири килограми супстанца за која се претпоставува дека е пластичен експлозив. Покрај тоа, пронајден е и соодветен материјал за изработка на експлозивна направа. Делото е класифицирано како кривично дело неовластено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи во врска со кривичното дело саботажа. Во иднина ќе се преземат сите потребни дејствија за да се пронајде сторителот на овие кривични дела, вели Манојловиќ Гајин.
Експлозивот е пронајден во близина на гасоводот.
По одобрение од страна на Полициската управа во Суботица, припадници на Управата за криминалистичка полиција, заедно со Воената полиција и други единици на српската армија, од раните утрински часови се ангажирани во блокирање и пребарување на дел од територијата во општина Кањижа, со цел да се бараат недозволени супстанции опасни по животот на граѓаните и делови од витални инфраструктурни објекти во тој дел од Србија.
Полицијата и воениот персонал блокираа неколку патишта во општината.
Патиштата од селото Трешњевац до селото Војвода Зимоњиќ се блокирани, како и патот од селото Војвода Зимоњиќ до селото Велебит. Полицијата и војската го пребаруваат подрачјето на патот Трешњевац-Војвода Зимоњиќ, како и на патот кон селото Велебит.
Пребарувањето се спроведува од земја, со контрола и координација од воздух. Хеликоптери летаат над областа.
Сите расположиви сили на UKP и VS се на терен, вклучувајќи ја и 72-та специјална бригада.
Беа распоредени хеликоптери, беспилотни летала, кучиња трагачи, термичко снимање, тимови за контра саботажа, амбулантни возила и опрема, јавуваат српските медиуми.