Регион

По три години правна битка: Сали Бериша запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија

Во одлуката на судот се наведува дека „Претседател на Демократската партија на Албанија е господинот Сали Бериша“ и оти одлуката е донесена по „барање на заинтересираниот субјект“.

По три години правна битка: Сали Бериша запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија

По битката за печатот и логото, Сали Бериша сега и официјално е запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија.

Во одлуката на судот се наведува дека „Претседател на Демократската партија на Албанија е господинот Сали Бериша“ и оти одлуката е донесена по „барање на заинтересираниот субјект“.

Со тоа конечно по 3 години заврши правната битка во судот за судбината на најголемата опозициска партија во земјава.

Бериша и неговите приврзаници во средина на декември 2021 година насилно го зазедоа партиското седиштето, но правото на користење на печатот и логото ги добија на 11 јули годинава, по одлука на Апелацискиот суд.

Поради тоа, крилото на Бериша, кое е побројно од она на Љуљзим Баша, на последните локални избори, на 14 мај минатата година, настапи под логото на Партијата на слободата на Илир Мета.

Недоразбирањата во редовите на партијата почнаа откако Бериша во мај 2022 година од страна на САД беше прогласен за непожелен, по што по барање на тогашната американска амбасадорка Јури Ким, Баша го исклучи од партијата и му ја одзеде титулата почесен претседател.

Потоа почнаа недоразбирањата во партијата која ја преживуваше најдлабоката криза. Сепак поголемиот процент од членството и пратениците се со Бериша.

Баша сега ја предводи групата ДП-евроатлантски демократи и во парламентот има само 7 пратеници, наспроти Бериша кој има 45 пратеници.

Баша, инаку беше најблизок соработник на Бериша, по чиј предлог во 2013 година беше избран за претседател на партијата, откако по поразот на парламентарните избори Бериша се повлече од челната позиција.

To top