Регион Нови Сад

По информациите дека е уапсен за трагедијата, се огласи Горан Весиќ

„Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани“.

По информациите дека е уапсен за трагедијата, се огласи Горан Весиќ

Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, ја демантираше веста дека е уапсен, но потврди дека им се ставил на располагање на надлежните органи.

-Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад, напиша Весиќ на својот Фејсбук профил и додаде:

„Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани“.

Весиќ рече дека адвокатската канцеларија што го застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот.

To top