Претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ на претставувањето на листата на ХДЗ за европските избори рече дека веќе имаат 76 потписи за формирање Влада на Хрватска.
-Денеска собравме 76 потписи за формирање нова, стабилна Влада на Република Хрватска, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на претставувањето на листа за европските избори – се вели во соопштението на ХДЗ на Х.
ХДЗ и Татковинското движење се договорија за формирање парламентарно мнозинство.
Според договорот, три ресори ќе му припаднат на Татковинското движење, а ќе се формира ново министерство – за демографија. Дополнително, членовите на ТД ќе бидат задолжени за ресорот земјоделство, а ресорот економија ќе биде предводен по половина. (МИА)