Патнички воз во Србија се судри со товарен воз. Нема жртви, но има четворица повредени.
Попладнево во 18:47 часот патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково.
Во овој железнички судир нема жртви. Повредени се четворица патници, а машиновозачот го повредил рамото.
И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз.
Според првите извештаи од терен, причина за овој несекојдневен настан е човечкиот фактор. Железничката комисија за истражување на вонредни настани спроведува истрага за да се утврди кој е одговорен за вечерашниот судир на возот.
Покрај Железничката комисија, на местото на судирот се присутни и претставници на Министерството за внатрешни работи на Србија, како и итните служби.
View this post on Instagram