Регион Република Српска

Откако му беше одземен мандатот: Додик најави дека нема да ја почитува одлуката и дека ќе остане претседател на РС

„Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам заменет од странска влада“, објави Додик на социјалната мрежа X.

Откако му беше одземен мандатот: Додик најави дека нема да ја почитува одлуката и дека ќе остане претседател на РС

Милорад Додик, на кого законски му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска (РС), рече дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане претседател на тој ентитет на БиХ.

„Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Вие бевте арогантни, а очекувате од мене да бидам покорен. Нема да бидам. Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам заменет од странска влада“, објави Додик на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека оние што ја донеле таа одлука „не го почитувале Уставот на Босна и Херцеговина, Уставот на РС и законот“. (МИА)

To top