Регион

Одложена екстрадицијата на „Кралот на криптовалутите“

Врховниот суд на Црна Гора нареди пролонгирање на екстрадицијата на Квон До, попознат како „Кралот на криптовалутите“ во Јужна Кореја.

Одложена екстрадицијата на „Кралот на криптовалутите“

Екстрадицијата на Квон е пролонгирана до донесување на одлука по поднесеното барање за заштита на законитоста.

Квон и неговиот деловен партнер Чанг Јун уапсени за на 23 март 2023 година на аеродромот во Подгорица, кога со фалсификувани пасоши се обиделе со приватен лет да отпатуваат за Дубаи.

Поради фалсификуваните пасоши Квон и Чанг се осудени на четири месеци затвор во Црна Гора. Додека во Јужна Кореја тие се товарат за нефер трговија, измама и кршење на јавните понуди.

И САД побараа екстрадиција на Квон поради повеќе кривични дела, вклучително и заговор и измама при купување и продажба на хартии од вредност, електронска измама и манипулација со цените на хартиите од вредност.

To top