Регион Судот да постапи според законот

Одбраната на Додик бара одложување на рочиштето закажано за 20 декември

На Додик и на в.д. директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, им се суди во Судот на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, кој не е признат во Српска, бидејќи неговото именување не беше потврдено од Советот за безбедност на ОН.

Одбраната на Додик бара одложување на рочиштето закажано за 20 декември

Одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поднесе предлог за одложување на рочиштето закажано за 20 декември бидејќи не е решено второто барање за преместување на постапката од Сараево во Бања Лука, изјави денеска неговиот адвокат Горан Бубиќ.

– Имаме четири дена помеѓу последниот повик и претресот, а повикувањето четири или пет дена пред крајниот рок, од кои два неработни, не е вообичаено“, изјави Бубиќ за РТРС.

Тој очекува Судот да постапи според законот и да одобри префрлање на судењето во Бања Лука.

„Одбраната не го одложува процесот, таа само си ја врши работата. Наша должност е да укажеме на работите кои влијаат на процесот. Барањето за трансфер не е направено со цел да се одолговлекува, туку поради одмаздничката атмосфера во Судот на Босна и Херцеговина што може да влијае на законитоста на процесот“, изјави Бубиќ.

Тој рече дека судот, со оглед на аргументите кои објективно постојат и кои одбраната ќе ги изнесе на судењето, треба да донесе ослободителна пресуда.

Бубиќ рече дека тоа е етапен процес кој го загрозува уставниот поредок и чија цел е обид да се елиминира легитимно избраниот претседател.

To top