Регион Грција

Од странска земја испратени масовни заканувачки мејлови до училишта во Атина

Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси.

Од странска земја испратени масовни заканувачки мејлови до училишта во Атина

Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси.

Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот.

-Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.  (МИА)

Најнови вести од Регион

To top