Регион

Од денеска пад на температурите во Грција по петнаесетдневниот топлотен бран

Од денеска пад на температурите во Грција по петнаесетдневниот топлотен бран

Особено високи температури биле регистрирани вчера во Грција што е петнаесетти ден по ред од топлотниот бран што ја зафати земјата со максималните температури од речиси 42 степени Целзиусови, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, додека пак од денеска се најавува пад на температурите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, најтопли области биле Тесалија, централна Грција и југоисточниот дел на Пелопонез.

Највисока била температурата во Стилида во централна Грција (41,9 степени), додека пак 189 од 513 активни метеоролошки станици во земјата регистрирале темература од над 37 степени, а во 13 станици температурата била над 40 степени.

To top