Регион

Објавена имотната состојба на грчките политичари

Објавена имотната состојба на грчките политичари

Имотната состојба со годишните примања, акции и обврзници, депозити, кредити, недвижнини и сл, на грчкиот премиер, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, денеска беа објавени на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, како што е пракса во Грција, а се однесуваат на финансиските години 2022 и 2023, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Грција во 2023 година пријавил годишен приход од 70.456 евра, акции и обврзници од 508.859 евра и 20.479 долари, депозити од 110.668 евра и 445 долари, 26 недвижнини на Крит, Кикладските острови и во Јанина, две возила, учество во една компанија, како и кредит од 160.560 евра.

Според грчките медиуми, најбогат меѓу лидерите на политичките партии (иако неговата партија Движење на демократија не е дел од Парламентот) е Стефанос Каселакис, а најсиромашен е лидерот на партијата Победа Димитрис Нациос.

Поранешниот претседател на СИРИЗА Каселакис пријавил приходи од 1,75 милиони долари, со акции во вредност од 3,77 милиони долари и депозити во вредност од 32.287 (долари и евра), сопственик е на три недвижнини на Спецес, во Атина и САД, како и на едно возило, а паралелно има учество во две компании, но и кредити кон четири странски компании во вкупен износ од 1,65 милиони долари.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Првиот човек на партијата Победа, Нациос, пријавил годишни приходи од 22.632 евра, депозит од 1.978 евра, пет недвижнини во Пиериа и Килкис, едно возило и кредити од 107.841 евра.

Приходите на претседателот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андроулакис, достигнуваат до 128.610 евра има депозити од 1.076.358, има 16 недвижнини и едно возило, како у учество во две компании.

Како што соопштија од грчкиот Парламент имотните состојби се објавени неревидирани, онака како што биле поднесени, а се однесуваат на пратениците, европратениците, финансиските службеници на политичките партии, градоначалниците и префектите, како и брачните другари или лицата со кои горенаведените склучиле договор за заедничко живеење, за годините 2023 и 2024 година (односно за финансиските години 2022 и 2023).

За 2023 година биле поднесени 260 почетни и 1.325 годишни изјави и за 2024 година, 275 почетни и 1.546 годишни.

Најнови вести од Регион

To top