Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта.
Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи.
Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.