Регион Во Брисел

Нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Главна тема на средбата е регулирањето на динарскиот платен промет во Косово.

Нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Во Брисел денеска се одвива нова рунда од дијалогот Белград – Приштина, што почна со билатерална средба на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак.

Главна тема на средбата е регулирањето на динарскиот платен промет во Косово.

Српската делегација е составена од претставници на Министерството за финансии и на Банка Поштенска штединица, како и на Канцеларијата за координативни работи.

По средбата со претставници на Белград, Лајчак ќе се сретне со косовската делегација.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според порталот Н1, главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими не пристигнал во Брисел.

По средбите ќе биде одлучено дали ќе има заедничка средба помеѓу српската и косовската делегација и Лајчак. (МИА)

To top