Свет

НАТО ќе пресуди за судбината на Бојан Христовски – Ќе добие ли сертификат од алијансата?

НАТО ќе пресуди за судбината на Бојан Христовски – Ќе добие ли сертификат од алијансата?

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци е актуелен за пошироката јавност откако со неговото име се поврзуваат неколку контроверзии, веројатно неосновани.

Дека обвинувањата за Бојан Христовски се неосновани вчера потврди и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор АНБ.

Дали Бојан Христовски ќе добие НАТО сертификат?

Утрово на емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“ новинарот Љупчо Златев ги повика надлежните институции да се повикаат на следната одлука која ќе ја донесе НАТО и дали Бојан Христовски ќе добие сертификат од оваа институција.

За Христовски имаше безброј лажни обвинувања: Имал лажен TOEFL, му оспоруваа дека завршил Економски кој впрочем не му треба за оваа функција, има ДИФ и безбедност. ДКСК излезе и рекоа дека нема ништо спорно, оградувајќи се дека нема механизам за проверка на автентичноста.

To top