Регион мерки за биолошка безбедност

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка

Дополнително, околу заразените фарми е воспоставена заштитна зона од три километри, каде се применуваат конкретни мерки, како што се редовни ветеринарни инспекции, забрана за транспорт на животни итн.

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка

Во сточарски фарми на Лезбос потврдени се четири нови случаи на шап и лигавка, со што вкупниот број се зголеми на 17, а министерот за земјоделство на Грција Костас Циарас денеска е во посета на островот, посета што предизвика реакции кај локалното население и сточарите, кои закажаа протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за земјоделство на Грција за случаите на шап и лигавка на Лезбос, информираа дека се следат одредбите на европската регулатива 2020/687 и локалната ветеринарна служба веднаш пристапува кон санитарно усмртување на сите животни во заразените фарми, со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Дополнително, околу заразените фарми е воспоставена заштитна зона од три километри, каде се применуваат конкретни мерки, како што се редовни ветеринарни инспекции, забрана за транспорт на животни итн.

– Надлежните ветеринарни служби континуирано ја следат епидемиолошката состојба и ја применуваат целата предвидена регулатива за ограничување на болеста. Строгото почитување на мерките за биолошка безбедност и воведените ограничувања се клучни за заштита на сточниот фонд на Лезбос и спречување понатамошно ширење на шап и лигавка, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција.

Во посета на Лезбос денеска е надлежниот министер, кој се очекува да одржи состанок за ситуацијата со шап и лигавка, а паралелно, сточарите, поддржани од локалното население закажаа протест. (MIA)

Најнови вести од Регион

To top