Денеска е денот кога е роден поранешниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито.
25 мај во минатото се славеше како државен празник и ден на младоста, а денеска постарите генерации се присетуваат на убавите моменти од тоа време.
Тито ќе биде запаметен како еден и единствен лидер на кој му се поклонувал целиот свет, па дури и кралицата Елизабета втора.
Неговиот живот изобилувал со многу анегдоти, интересни факти, како и скандали кои излегувале по неговата смрт, но траат до ден денес.
По 33 години во 2020 година беше отворен и неговиот сеф кој бил запечатен по неговата смрт на 4 мај 1980-та година.
Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, сите предмети во сефот ќе останат запечатени, а сефот беше отворен токму 40 години по неговата смрт, а во него беа пронајдени некои од најскапоцените работи, пренесува „Балканпреспрес“.
Ви приложуваме список на работи што беа во сводот на Тито, златен, син сафир, кој наводно и припаѓал на кралската династија Романови од Русија, медал што им припаѓал на Караѓорѓевиќ.
– Многу големо богатство имаше во тој сеф. Имаше уникатни ѓердани и накит кои припаѓаа на семејството Караѓорѓевиќ, рече еден од членовите на комисијата.
Во сефот на Тито имало:
– 29.366 килограми злато во прав
– 1.271 парчиња нумизматички пари
– 2663 златници
– 26.219 американски долари
– 149 парчиња накит (припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ)
– 36.000 германски марки
– синиот сафир на Романови
– 83 парчиња манжетни за ракави, кутии цигари, медалјони, приврзоци и значки
– 18 комплети сребрени садови