Маж (44) е убиен околу 2 часот во ноќта меѓу саботата и неделата пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со повеќе од десет куршуми.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, жртвата Б.З. е сопственик на бензинска пумпа и бил во своето возило кога напаѓачите му пришле до неговиот автомобил и го застрелале десет пати со пиштоли и калашникови.
Медиумите пишуваат дека имало обид за атентат на сопственикот на пумпата во областа Пиреја.
Полицајците кои дошле на местото на настанот собрале повеќе од 40 чаури, а истрагата за мотивите на ова убиство продолжува.
Управата за безбедност на Атика води прелиминарна истрага за крвавиот инцидент.