Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.
-Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа, рече Милановиќ, а пренесе порталот Индекс.хр.
Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина. (МИА)