Честитки до Никушор Дан за победата на претседателските избори, но и надеж за дополнително зајакнување на односите меѓу Романија и Грција, објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
-Топли честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори. Очекувам да работиме заедно за дополнително зајакнување на врските меѓу Грција и Романија за просперитет и стабилност на нашиот регион, напиша Мицотакис.
Дан победи на претседателските избори во Романија со освоени приближно 54,1 проценти од гласовите, додека неговиот противник Симион доби околу 45,9 отсто. (МИА)