Регион бугарија

Марија Габриел го доби мандатот за влада, очекува договор за 24 часа

Бугарскиот претседателот Румен Радев ѝ го врачи првиот мандат на досегашната вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел за составување нова влада. По церемонијата таа рече дека треба уште малку време ГЕРБ и ПП-ДБ да ги финализираат преговорите.

Марија Габриел го доби мандатот за влада, очекува договор за 24 часа

Бугарскиот претседателот Румен Радев ѝ го врачи првиот мандат на досегашната вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел за составување нова влада. По церемонијата таа рече дека треба уште малку време ГЕРБ и ПП-ДБ да ги финализираат преговорите.

Преговорите ќе продолжат во понеделник попладне, изјави Габриел, која е членка на ГЕРБ. Подоцна ГЕРБ соопшти дека рокот за продолжување на разговорите е само 24 часа – до утре во 12 часот, кога Габриел со „конечната одлука“ ќе оди во Радев.

До ова е постигнато и покрај ноќните закани на ГЕРБ дека доколку до денеска до 12 часот не бидат прифатени нивните барања од ПП-ДБ и не се подели моќта, папката ќе биде вратена празна. Од ПП-ДБ досега не соопштуваа дали ќе ги прифатат сите барања на луѓето на Бојко Борисов, но Габриел не ја забележала заканата и го зеде мандатот.

Заедно со претставниците на ГЕРБ, кај Радев отидоа и премиерот во заминување Николај Денков и копретседателот на ПП, Кирил Петков.

Според неофицијалните информации што циркулираат во бугарските медиуми, има спор за две министерства – за енергетика и за одбрана. Од ГЕРБ сакаа да ги добијат позициите, но ПП-ДБ не се согласи со предложените кандидати.

Според Габриел, нема противречности меѓу преговарачките страни во однос на приоритетите и реформите – правосудниот систем, регулаторите, борбата против корупцијата.

Неофицијално, пак, се тврди дека двете формации не се помириле и прашањето за улогата на партијата ДПС.

Пред Габриел да оди кај Радев весникот „24 часа“ неофицијално ја рашири одлуката на партијата на Бојко Борисов за состав на Министерскиот совет.

„Проектот за Министерски совет не го гледаме првпат. За нас е неприфатлив овој состав“, рече Николај Денков за имињата на министрите со истечен рок.

Други претставници од ПП-ДБ соопштија дека се договориле, освен премиерот, ГЕРБ да преземе неколку министерства – за надворешни работи, МВР, за иновации, екологија, образование и култура. Според овој план Габриел треба да биде и министерка за надворешни работи, а досегашниот премиер Николај Денков вицепремиер за европски прашања.

To top