Утрово во 8 часот во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик.
-Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.
Се утврдува степенот на повреди на повредениот малолетник, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници.
-На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда, додаде Новалиќ.