Регион УЖАС

Мајка и син убиени во Тузла, осомничен е нивниот сопруг и татко

Сопругата и синот најверојатно се убиени со давење. Ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Мајка и син убиени во Тузла, осомничен е нивниот сопруг и татко

Обвинителството на кантонот Тузла соопшти дека смртта на Инела Селимовиќ (37) и нејзиниот 13-годишен син најверојатно настанала со задушување, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

За убиството е осомничен сопругот на Инела и татко на убиеното момче, Емир Селимовиќ (38), кој се бара на ниво на БиХ.

Во соопштението на Обвинителството на кантонот Тузла се наведува дека обвинителот и истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на кантонот Тузла синоќа извршиле увид во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела.

Сопругата и синот најверојатно се убиени со давење. Ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Во тек се сите потребни истражни дејствија, кои по наредба на обвинителот ги спроведуваат истражители од Одделот за криминалистички истраги и Одделот за криминалистичка полиција при Полициската станица Калесија, со цел утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, се вели во соопштението.

To top