Регион

Лончар: Во несреќата кај Младеновац во Ургентниот центар примени 39 лица, шестмина задржани, еден починат

Министерот изјави дека најголем број повреди во оваа сообраќајка има во пределот на главата и горните екстремитети.

Лончар: Во несреќата кај Младеновац во Ургентниот центар примени 39 лица, шестмина задржани, еден починат

Министерот за здравство на Р.Србија, Златибор Лончар, изјави дека по сообраќајната несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Мали Пожаревац (Младеновац), во Ургентниот центар во Белград се примени 39 лица, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, а едно лице починало, јави дописникот на МИА од Белград.

Лончар во гостувањето на ТВ Прва рече дека сите капацитети се насочени кон дијагноза на преостанатите пациенти кои се во шок, за да се утврди кој од нив останува на лекување, а кој може да оди на домашно лекување.

Министерот изјави дека најголем број повреди во оваа сообраќајка има во пределот на главата и горните екстремитети.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека несреќата најверојатно била предизвикана од одговорност на возачот на автомобилот.

Утрово во 5 часот и 40 минути на пристапниот пат што води од Младеновац до автопатот и клучката Мали Пожаревац кон Белград, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загина возачот на патничкото возило.

Транспортната компанија „Ласта Београд“ во врска со денешната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Мали Пожаревац соопшти дека, според информациите што ги имаат, до несреќата дошло кога патничко возило кое се движело во правец Белград-Младеновац преминало на спротивната лента и удрило во автобус на таа компанија.

Како што се наведува, автобусот превезувал патници на автопатот на релацијата Младеновац – Белград.

To top