Лажни се покажа дека беа предупредувањата испратени до грчката полиција за поставени бомби на неколку локации во Атина, откако полицајците од Одделот за деактивирање и уништување на експлозивни направи при проверките не пронашле ништо сомнително, јави дописничката на МИА од Атина.
Во 7.20 часот утрово во централата на грчката полиција, бил испратен мејл на англиски јазик со предупредување дека се поставени експлозивни механизми во болница, суд, како и метро станицата Синтагма.
Превентивно беше евакуиран судот, метрото не застануваше на конкретната станица и беа спроведени детални проверки, при кои не беа откриени бомби.