Припадниците на контрасубверзивниот тим на Министерството за внатрешни работи на Србија по едночасовна проверка во просториите на Палатата на правдата во Крагуевац утврдиле дека во зградата нема бомба и дека дојавата за бомба која пристигнала околу 8 часот утрово била лажна, јавија српските медиуми.
Претходно, по лажна пријава, евакуирани беа вработени во 11 судски институции во Палатата на правдата во Крагуевац.