Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека со одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово е овозможена замена на српските возачки дозволи со косовски. Оваа можност ќе биде отворена од 9 мај и ќе трае до 9 август годинава.
„Префрлувањето на возачка дозвола РКС овозможува лесно и практично регистрирање на возилото. За да се добие возачка дозвола не е потребно повторување на испитот, туку само апликација која секој граѓанин мора да ја поднесе до Центарот за опрема со документи“, рече Курти во видео порака.
Како што додаде, за тоа е потребна лична карта, оригинална возачка дозвола издадена од српските власти, потврда за обука за давање итна помош, доказ за платен данок или оригинална возачка дозвола издадена од УНМИК или РКС доколку се поднесе барање за да се додаде категорија.
„Ве повикувам да се регистрирате што е можно поскоро за да го искористите ова право“, рече Курти.