Регион Европски совет

Кошта: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

На 18 декември во Брисел ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан. 

Кошта: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Иднината на Западен Балкан е во Европска Унија, истакна синоќа претседателот на Европски совет, Антонио Кошта по неформалната вечера со лидерите на Западен Балкан.

– Да работиме тоа да се случи, објави Кошта на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека тоа е пораката што тој заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос ја упатиле на вечерата со лидерите на Западен Балкан.

Неименуван извор истакна дека Кошта и лидерите од Западен Балкан разговарале за најновите случувања во регионот и поширокиот европски контекст, како и за тоа како најдобро да се поддржат партнерите да се приближат до ЕУ и да постигнат напредок во процесот на пристапување.

– Кошта ги покани шесте лидери од Западен Балкан на неформална вечера во време кога ЕУ започнува нов лидерски циклус и нова стратешка агенда, со проширувањето како геостратешки приоритет, посочи неименуваниот извор.

На 18 декември во Брисел ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан. (МИА)

To top