Регион

Клодиан Брахо избран за нов шеф на албанското СЈО

Високиот совет на обвинители на Албанија, попладнево со мнозинство гласови го избра Клодиан Брахо за нов шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК).

Од вкупно 11 членови, колку што брои советот, за Брахо гласале седум, тројца за Аднан Џоли и еден за Елвин Ѓокај, додека обвинителката Долореза Мусабелиу, не добила ниту еден глас.

По презентирањето на нивните платформи, во траење од по 45 минути, советот премина на јавно гласање. На седницата присуствувале повеќе странски дипломати, меѓу нив и на САД и делегацијата на ЕУ во Тирана.

Брахо доаѓа на местото на Алтин Думани, кому тригодишниот мандат му завршува на 16 декември.

Мандатот на првиот човек на СПАК е тригодишен, без право на реизбор.

Брахо (43) дипломирал на правниот факултет во Тирана 2004 година, каде и магистрирал, а обвинител станал во 2007 година.

Бил обвинител во Обвинителствата во Берат, Валона, каде бил и заменик главен обвинител. Во периодот 2015-2019 бил обвинител во обвинителството при судот за тешки кривични дела во Тирана.

Од 19 декември 2019 година, од самото формирање, е дел од тимот обвинители во СПАК, во секторот за корупција.

Најнови вести од Регион

To top