Регион Сараево

Каја Калас во посета на БиХ

Посетата доаѓа откако Советот за безбедност на ОН во петокот го продолжи мандатот на Мисијата на ЕУ во БиХ – ЕУФОР Алтеа.

Каја Калас во посета на БиХ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска ќе престојува во посета Босна и Херцеговина.

Посетата доаѓа откако Советот за безбедност на ОН во петокот го продолжи мандатот на Мисијата на ЕУ во БиХ – ЕУФОР Алтеа.

Според најавите, Калас по пристигнувањето во Сараево ќе го посети седиштето на ЕУФОР Алтеа во касарната „Бутмир“, каде ќе биде пречекана од командантот на Мисијата, генерал-мајорот Флорин-Маријан Барбу.

Предвидено е Калас да има средба со припадници на ЕУФОР Алтеа, како и да се обрати пред војниците ангажирани во Мисијата.

По посетата на „Бутмир“, Калас ќе се сретне и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со босанско-херцеговскиот министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ.

To top