Регион оружјето требало да стигне до турска банда

Грција: Уапсени 13 турски државјани со 147 пиштоли

Седум мажи и шест жени, сите турски државјани, кај кои биле пронајдени 147 пиштоли и голем број шаржери биле уапсени кај Еврос во североисточна Грција откако преку реката нелегално влегле во земјата, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека полицајците од Секторот за борба против организиран криминал на северна Грција, имале информации за нелегалниот влез во Грција на турските државјани, а оружјето било пронајдено при проверка на нивниот багаж.

Според весникот „Катимерини“ процените на полицијата се дека пронајдените пиштоли требало да стигнат до турска банда „Далтонс“.

Најнови вести од Регион

To top