Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.