Градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, на 1-ви февруари лично спречил грабеж во аптека во градот, објавија српските медиуми.
Порталот NISTV сподели и видео од немилиот настан.
View this post on Instagram
Според објавата на порталот на Инстаграм, вооружен напаѓач влегол со пиштол и со мачета барајќи пари. Инцидентот завршил без повредени, откако Павловиќ реагирал и го разоружал напаѓачот.
Во објавата се вели дека сведоци раскажале дека напаѓачот влегол агресивно и се заканувал со зборовите „дај пари“ и „ќе те пукам“. Во моментот кога ситуацијата се вжештила, градоначалникот реагирал инстинктивно. Му го грабнал пиштолот од раката и го фрлил подалеку.
Српските медиуми објавуваат дека пиштолот бил реплика односно лажен.