Дожд што во одредени делови достигнал и над 100 литри на квадратен метар и над 9.000 електрични празнења биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во Грција во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија најголемите количини врнежи биле регистрирани во источниот дел на областа Тесалија, како и во северниот дел на Пелопонез и во северна Грција.
Дополнително, невремето беше придружено и од вкупно 9.316 електрични празнења пред сè во морските, островските и крајбрежните области, според податоците од инструментот Lightning Imager на метеоролошкиот сателит Meteosat-12.
Над море биле регистрирани 7.850 електрични празнења, а останатите 1.466 биле на копно.
Од Метео посочија дека под поимот електрични празнења се подразбираат сите видови празнења, вклучувајќи молњи (помеѓу облаци и земја), празнења помеѓу облаци, како и празнења помеѓу облаци и воздух.
Невремето што вчера ја зафати Грција создаде проблеми во одредени делови на земјата, а превентивно беа испратени и неколку пораки од бројот 112 за итни случаи за граѓаните да ги ограничат нивните движења. (МИА)